Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се сретна со британската амбасадорка Рејчел Галовеј
![]()
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.
На средбата се дискутираше за аткуелните политички случувања во државата, македонската европерспектива и клучните реформски процеси во државата.
Мицкоски истакна дека Република Македонија има сериозен проблем со криминалот и корупцијата во највисоките ешалони на власта. Неказнивоста на криминалот и корупцијата исто така се сериозен проблем, напоменато беше дека ниту за „Рекет 1“, ниту за „Рекет 2“, ниту пак за случајот Рашковски се уште нема правна развршница. Ваквата состојба претставува сериозна пречка на патот на македонските европски интеграции.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека интеграцијата во Европската Унија на нашата држава е стратешка цел за партијата, но и за Република Македонија и дека новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ нема да губи време и веднаш ќе се зафати со спроведување на суштински реформи.
Соговорниците се согласија дека помеѓу двете држави постои добро ниво на соработка и дека помошта која Обединетото Кралство и ја пружа на Македонија на европскиот пат е од суштествено значење.
Ново на Сител
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
