Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, утре и задутре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.
Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивен состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Како што информираа од МВР, од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.
Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат подрачните единици Струмица, Гевгелија и Радовиш.
Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ на 30.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.
В недела, 31.10.2021 година, пак, сите наведени надлежни организациски единици ќе работат само на издавање изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
