Левица: СДСM и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат политички циркус пред лидерската средба
Низ соопштенија двете партии на олигархијата СДС и ДПМНЕ кои совршено кохабитираат за меѓусебно овозможување на криминалите, пред т.н. "лидерска средба" која води кон бугаризација на Македонија, приредуваат политички циркус за замајување на народот.
Левица е единствената кочница во овој погубен процес и канал за артикулација на народната воља во институциите. Водени од заеднички интерес, СДС и ДПМНЕ координирано го спремаат теренот за повторно наметнување на бугарскиот ултиматум кој народот одлучно го одби на минатогодишните протести.
Во јавноста веќе не поминува лажната спротиставеност на овие партии, бидејќи јасна е нивната сродност во приказната за "европска извесност" која не е ништо повеќе од мамец за расчеречување на државата.
портпарол на Левица Амар Мециновиќ
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман