Левица: По чија мерка се прекројува образованието?
Деновиве се случуваат разни средби, се даваат изјави, доаѓаат информации и сите се во прилог на стравувањата, кои ги искажа јавноста во врска со причините и карактерот на т.н реформи во образованието.
Прво дојдоа најави за обуки во текот на летото – како и што беше јасно дека ќе бидат потрошени парите (21,5 милиони евра), со кои државава се задолжи за следната деценија. Но, апетитите на политичарите очигедно не завршуваат таму и не можат да бидат зауздани ниту кога јадењето живи луѓе ќе се трансформира во незаситно проголтување на иднината. Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, делејќи ги содржините на прифатливи и неприфатливи!
Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство.
Основна особеност на науката, оттука и на образованието засновано на научни содржини е објективноста! Содржините во учебниците треба да бидат јасни, нагледни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, и.т.н., а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневно политичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија.
Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно за живот општество, општество по мерка на човекот и човечкото достоинство, а не по мерка на капиталистите чиј интерес и кога е завиткан во разни обланди е постојано ист- живот на туѓ грб!
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
