Левица: Ковачевски се пазари со завршени судски случаи за да остане на власт
Минатата недела, Димитар Ковачевски најави дека конечно ќе се побара меѓународен мониторинг на случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“.
Мониторинг над овие случаи беа дел од договорот што Алтернатива го постигна со поранешниот премиер Зоран Заев, кога тие решија да станат дел од Владата.
Пазарот кој го прави Ковачевски по секоја цена за да остане на власт, ќе вклучува и мониторинг од Европската комисија за селективни судски случаи кои се веќе завршени и има правосилни судски пресуди. Со ваквиот потег, Ковачевски не само што потврдува дека сѐ би направил да остане на власт, туку и се доведува во прашање независниот правосуден систем во Македонија, во кој доверба имаат само 7% од населението. Дополнително, ваквиот политички пазар директно го нарушува владеењето на правото, како темелна вредност која е утврдена со Уставот.
Судството како независен постулат не смее да се стави во подредена позиција на странски фактори кои ќе вршат влијание на нашето правосудство. Во Законот за кривична постапка, Законот за парнична постапка, како и други процесни закони, јасно е предвидено под кои услови може да има повторување на постапката за одреден предмет или кој суд е надлежен за укинување на одредена пресуда.
Политичката манипулација со судски предмети, која ја започна Заев со случајот Смилковско езеро, ја продолжува Ковачевски во надградена и проширена верзија. Јасно е дека во услови кога владиното мнозинство е нестабилно, Ковачевски е подготвен да ги прифати сите штетни барања, само за да остане на власт.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
