Левица бара државата да го преземе тестирањето од приватните клиники и тоа да биде бесплатно за сите граѓани
Претходниот владин состав покажа исклучителна неумешност во справувањето со здравствената (ковид) криза. Очајната борба за партиципирање во власта е сведена на безидејни партиско - кадровски решенија, кои немаат капацитет да направат било каква промена.
Веќе подолго време е евидентно дека лошото управување со здравствената криза го собира својот арач. Негативните последици од ковид пандемијата веќе се чувствуваат во секоја општествена пора. Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис - елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава.
Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 Ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно.
Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално.
Заради ова, по примерот на бројни земји, Левица бара државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники (барем во време на пандемијата). Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните.
Левица
Ново на Сител
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници