-->
-->
Левандовски промаши пенал против Мексико
-->

Се одигра вториот натпревар од групата Ц на Светското првенство. По големата победа на Саудиска Арабија над Аргентина, Полска и Мексико одиграа натпревар без голови. Левандовски можеше да стане херој на тимот, но промаши пенал.
Првото полувреме целосно им припадна на Мексиканците, додека од друга страна Полска не упати ниту еден удар во рамката од голот.
Првата прилика се виде во петтата минута кога Лозано се проби по левата страна, нафрли за Вега, но тој шутираше лошо.
Во 12. минута Морено погоди со глава на центаршут на Вега, но неговиот удар помина над голот.
После тоа на теренот дојде до затишје, а до крајот на мечот се обидуваше Санчез, но неговиот удар Шчесни го одбрани.
Во второто полувреме одлична можност за Полјаците - Морено го собори Роберт Левандовски во шеснаесетникот, а судијата откако ја консултираше ВАР просторијата и ја прегледа снимката покажа на белата точка.
Ударот го изведе напаѓачот на Барселона, но неговиот удар го одбрани сега веќе легендарниот Гиљермо Очоа.
Се играше во 64. минута кога Алварез направи обид, а неговиот удар одлично го одбрани голманот на Јувентус, Шчесни.
Кричовиак имаше одлична шанса за Полјаците, но неговиот удар го одбрани и Очо.
Резултатот не се промени до крајот на натпреварот, па екипите ги поделија бодовите.
Саудиска Арабија по првото коло изненадувачки е на лидерската позиција со три освоени бода, Полска и Мексико имаат по еден, а Аргентина е последна без бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдени се над 25 тони пиротехнички средства, уапсени две лица, од кои едното е полициски службеник | ВИДЕО
-

Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Охрид
-

Песков: Божиќното обраќање на Зеленски беше нецивилизирано и полно горчина
-

Општина Аеродром: Интензивни контроли и мерења за прекумерната бучава
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
