Џет-Сет
6. July 2018 - 15:18

Лепа Брена го засени Заев синоќа во Сараево: Се појави како манекенка од модна писта и пееше до раните утрински часови

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев синоќа во Сараево е прогласен за Европска личност на годината од Агенцијата за избор на нај менаџер во БИХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.
Премиерот Заев ја доби златната плакета за европска личност на годината од врвни менаџери и политичари, како што е наведено во Одлуката, „за исклучителни заслуги за стабилизација и подобрување на односите меѓу европските 
држави, посебно меѓу соседите, како и за економска, културна и секоја друга соработка меѓу државите и народите во регионот, за надминување на сите стереотипи и барање најдобри можни решенија во постоечките услови на
соработка и пријателства“.

Рамо до рамо со него, меѓу наградените вчера во Сараево беше и балканската фолк ѕвезда Лепа Брена. Таа прими специјално признание за животно дело од областа на музиката и бизнисот.

Брена на доделеувањето дојде во прекрасен фустан со шешир на главаа и по црвениот килим прошета како менекенка од модна писта.

Пејачката големиот успех го прослави со своите најдраги пријатели, а се фати и за микрофонот, нижејќи хитови со кои сите присутни се веселеа до раните утрински часови.