-->
-->
Лекарите ме уверуваа дека ќерка ми има само грип: После една морничава ноќ конечно ја дознавме вистинската дијагноза и застрашувачка е
-->
Некаде околу четири наутро имав ужасно чувство во стомакот дека нешто не е како што треба. Нашата ќерка која е стара две недели никако не спиеше и јас веќе три пати го будев мојот сопруг. Таа беше се по кенкава и нервозна, а кашлица почна да ме загрижува...
Одбила да јаде. Инаку 18 часа претходно лекарот дијагностицираше грип, а јас почнав да паничам, вака ја започлнува својата приказна блогерката Меган Вајтекер од Тексас.
Седев на креветот и набљудував како моето новороденче станува се поцрвено, а потоа вриштеше. Измерив температура. Додека темпераметерот почна да пишти и да се црвенее мене срцето за малку ќе ми застанеше.
Го зграпчив бебето, влегов во дневната соба, каде мојот сопруг спиеше. Кога му реков дека бебето има грозница, длабоко воздивна и ми рече да ја носам на лекар иако педијатарот не се јавуваше. Како робот ги пакував работите и плачев додека чекав педијатарот да ми се јави. Телефонот не заѕвоне па тргнав со детето. И токму кога излегував, педијатарот ми се јави и ми потврди дека мораме на Ургенетен. Јас тргнав со бебето, а мојот сопруг остана да го чува постарото дете.
Околу пет часот наутро сестрата направи лумбална пункција над моето дете додека јас бескорисно стоев и гледав. Во шест часот наутро ги имавме првите резултати. Се воспостави дека беебто воопштоп нема грип, туку респираторен синицијален вирус, честа и голема заразна респираторна болест. Кај некои може оваа болест да биде и смртоносна.
Постои вакцина против овој вирус, но обично се дава привремено на родените деца или бебиња кои од некои причини се загрозени.
За помалку од две недели моето бебе беше животно загрозено, овој вирус е лоша настинка.
Новороденчињата можат да дишат само преку нос. Ако им е блокиран, не можат ни да јадат ни да дишат. А треската, дехидрација и недостик на храна можат да за кратко време да предизвикаат многу компликации на новореденчињата кои немаат ниту развиен имунолошки систем.
Наредните неколку дена ги поминавме во болница каде бебетп беше прикачено на многу апарати дури и на апарат за кислород. На секој час бројките на тој систем драмтично паѓаа и алармот се палеше. И секој пат бев уверена дека ќе останам без детето.
Почнав манијачки да фотографирам, бидејќи до тогаш ја немав фотографирано мислејќи дека има време.
Деновите минуваа, а таа се подобра и подобра.Не пуштија од болница, и понатаму бепе лошо, но беше надвор од животна опасност. Три дена може на вас ви звучат кратко за предтој во болница, но и пет минути е предолго кога ќе се прашувате дали вашето дете ќе излезе живот од таму.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
-
Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина
-
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
-
Дисциплински мерки за двајца полицајци од „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa