Легализација на дивоградби и проширување на гробиштата во Ѓорче
Во Општина Ѓорче Перов ќе се прошири просторот на гробиштата, а ќе се овозможи и легализација на дивоградбите кои се наоѓаат десно од железничката линија во правец кон Тетово.
Ова, како што соопшти Општина Ѓорќе Петров, е овозможено со усвојување на предлог одлуките за утврдување на нацрт детални урбанистички планови за градските четврти С3 10 и С3 11, од страна на Советот на Општината.
Со донесување на С3 10 ќе се овозможи проширување на постоечкиот простор на ѓорчепетровските гробишта, со што ќе биде решен еден од проблемите за граѓаните на општината Ѓорче Петров кој со зголемување на општината и евидентното зголемено населување од другите градови во Ѓорче Петров досегашниот простор на локалните гробишта не можеше да ги задоволи потребите на оние кои имаат потреба од такви услугите.
Со деталниот урбанистички план С3 11, се овозможува десно од железничката линија во правец кон Тетово, да се легализираат нелегално изградените објекти кој во овој дел ја надминуваат бројката од 200.
Ново на Сител
-
Маск: Време е САД да се повлечат од НАТО и ОН
-
Во текот на една недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Њујорк тајмс: Трамп ќе разговара за прекин на воената помош за Украина
-
Лондон: „Нема договор“ за предлогот за делумно примирје во Украина
-
Џејмс ја оствари јубилејната 1.000 победа во НБА
-
Консеисао не планира да поднесе оставка по поразот од Лацио
-
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-
Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад