Свет
17. January 2023 - 8:44

Леден дожд ја парализира источна Канада

Леден дожд кој падна во источниот дел на Канада остави повеќе од 70.000 луѓе без струја, а најпогодени се провинциите Њу Бранзвик и Нова Шкотска.

Поради невремето на некои места се прекинати и телефонските линии, а затворени се и некои училишта.

Невремето го отежна и сообраќајот во тој дел на Канада, јавија локалните медиуми.