Леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо, ориз и јајца ќе се продаваат без ДДВ
Владата денеска донесе нови мерки за ублажување на ефектите од економската криза и зголемувањето на цените кои произлегоа по руската инвазија на Украина. Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека по состанокот на Економскиот совет во Владата донесен е пакет од вкупно 26 мерки.
Мерките се поделени во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.
-Во делот на мерките за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите се следните: Ја намалуваме повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно тип 300, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите на основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме на наднормален профит,а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи. Предвидуваме субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Воведуваме автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, рече Ковачевски.
Појаснува дека ова значи укинување на царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи и тоа за сите земји.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
