Лавров: Русија на нападот врз Кремљ ќе одговори со конкретни акции
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на состанокот на Шангајската организација за соработка (СЦО) во Панаџи, Индија, изјави дека Москва ќе одговори со конкретни акции на нападите со дронови врз Кремљ, а нема да дебатира дали тоа е изговор за војна.
– Очигледно беше непријателски чин, сосема е јасно дека без знаење на сопственикот, терористите од Киев не можеа да го извршат. Нема да одговориме на приказни за тоа дали е „касус бели“ или не, туку ќе одговориме со конкретни акции, посочи Лавров.
Според него, изјавите на Киев и Вашингтон дека не биле вклучени во нападот не значат дека може да им се верува.
Според прес-службата на рускиот претседател Владимир Путин, режимот во Киев ноќта на 3 мај се обидел да ја нападне претседателската резиденција во Кремљ со два дрона, кои се соборени. Во инцидентот нема повредени лица.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
