Лавров: Русија има добри односи со Хрватска
Русија има добри односи со Хрватска, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по денешната средба во Загреб со шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман.
Лавров во исто време ги отфрли обвинувањата на Западот и САД кон Москва, велејќи дека тие се спротивни на етичките и меѓународните норми.
Посетата на Хрватска, која е реализирана после две одложувања поради пандемијата на коронавирусот, се случува последната посета на Лавров на Хрватска пред 16 години и е „поттик за продолжување на позитивниот тренд“ во односите меѓу двете земји, рече министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска Гордан Грлиќ Радман по средбата.
– Европската унија не е многу подготвена за добри односи со Русија, но Русија има добри односи со Хрватска, рече Лавров на прес-конференција по потпишувањето на два договори во Министерството за надворешни работи со Грлиќ Радман, кого го покани да ја посети Русија.
– И покрај сегашните предизвици разговаравме за можноста за продлабочување на соработката меѓу ЕУ и Руската Федерација. Каналите за комуникација треба да бидат отворени, нагласи Грлиќ Радман.
Шефот на руската дипломатија пристигна во Хрватска како дел од мини-турнејата во која беа вклучени Босна и Херцеговина и Србија, а беше проследена со скандал затоа што двајца членови на претседателството на БиХ одбија да се сретнат со него незадоволни од неговиот став за приближувањето на БиХ кон НАТО и Европската унија, и за Дејтонскиот договор.
Лавров во Загреб повтори дека Москва е цврсто посветена на почитување на Дејтонскиот договор.
– Имаме заеднички единствен став за почитување на еднаквоста на трите конститутивни народи, истакна тој.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден