Латас: Ако Заев по некое чудо стане премиер и не ги исполни ветувањата кон Албанците, тие ќе го убијат на улица во рок од 30 дена
Ако Заев добие доволен број на гласови и по некое чудо стане премиер, ќе го убијат на улица во рок од 30 дена ако не го спроведе тоа што сега го ветува. Значи со нивни гласови добил власт. Нема играчка, ти сакаш да навлечеш албански гласови и тоа од емиграција и утре да им речеш се шегувавме, знаеш јас така за избори морам да зборам, изјави во емисијата „Јади бурек“ новинарот и уредник Драган Павловиќ- Латас.
-Руфи Османи е легенда меѓу Албанците, градоначалник, лежел во затвор за албанска ствар. Прави партија, добива 30 илјади гласа. Имер Селмани прави партија, легенда е исто, не како Руфи Османи но интелектуален капацитет голем- 25 илјади албански гласови. Дали може Заев сегад а излезе сам и да рече 30 илјади, 40 илјади гласови јас ќе земам. Не! Тој ги изгуби гласовите од Македонците, го преценија странците и второ, немаа подобра понуда. Бранко Црвенковски не се нафати да го направи ова. Затоа е сменет, чист играч е Бранко, глупости правел, оставил фабрики без работа, они го сменија името, но не можеш да му кажеш да ја продава Македонија како територија. Второ, неговата група е појака во СДСМ отколку на Заев.Немало побитни избори од овие. Ако Заев добие доволен број на гласови и по некое чудо стане премиер, ќе го убијат на улица во рок од 30 дена ако не го спроведе тоа. Значи со нивни гласови добил власт. Нема играчка, ти сакаш да навлечеш албански гласови и тоа од емиграција и утре да им речеш се шегувавме, знаеш јас така за избори морам да зборам, рече Латас.
Со моите 2 факултети, 2 мегистратури и еден докторат, можам да потврдам, не постои разлика помеѓу федерализација и кантонизација – рече Латас.
Латас рече дека во германското право не се прави разлика помеѓу овие два термини. Што би значело, дека доколку Македонија се подели на кантони, тоа значи дека веќе нема да постои македонски јазик затоа што секој кантон ќе си го одредува официјалниот јазик.
– Дали постои швајцарски јазик? Швајцарија е кантонизирана земја каква што ни ветува Заев. Исто е и со Америка, постои ли американски јазик? – посочи Латас.
Ново на Сител
-
При претрес пронајдена дрога, приведени две лица од Кочани
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Томасон за поразот на Шведска од Косово: Заборавивме како да постигнуваме голови
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа
-
Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа
-
Милевски: Кога ќе видам дека сите се разочарани по реми, тоа ми кажува дека имаме карактер и квалитет
-
Без струја дел од Аеродром и Карпош