Лајен: Земјите од Западен Балкан изземени од ограничувањата за извоз на вакцини
Претседателката на Европска комисја Урсула фон дер Лајен изјави дека се забрзува вакцинацијата во Европска Унија, а целта останува до крајот на летото да бидат вакцинирани најмалку 70 проценти од населението.
Таа во обрајќањето пред Европскиот парламент предупреди дека престои борба со новите видови на Ковид-19 и оти земјите од Западен Балкан се изземени од ЕУ механизмот за транспарентност и одборување на извоз на вакцини.
– На сите ни е потребна предвидливост кога се работи за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и авторизација на извозот, не планираме да ги ограничуваме компаниите кои ги почитуваат договорите си ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извоз во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мали и средни приходи од инструментот Ковакс, истакна Лајен.
Таа наведе дека ЕУ досега испорачала 26 милиони дози вакцини и оти околу 70 милиони луѓе се вакцинирани.
Лајен призна дека ЕУ била „премногу оптимистична“ за масовното производство на вакцини, но ги отфрли критиките за заедничката набавка на вакцини, која сега доцни во земјите-членки.
– Бевме во право колективно да нарачаме вакцини како Европејци. Се друго би било економски нелогично и крај на нашата заедница, посочи Лајен.
Таа покрај најавената поддршка за масовно производство на вакцини најави и координација во ЕУ во борбата против новите мутации на Ковид-19.
– Немаме многу податоци за ефикасноста на вакцината против новите видови на вирусот. Тие продолжуваат да се појавуваат и веднаш мораме да се подготвиме. Мораме да се осигураме дека следната зима и понатаму нема да има карантини, истакна Лајен.
Таа додаде оти следната недела ќе биде претставена новата агенда за подготовки на ЕУ за борба против новите видови на Ковид-19.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
