Лајчак: Ако „падне“ Шенгенот, најтешки последици за Западен Балкан

Мигрантската криза, на чиј удар се најде европскиот континент, сериозно го доведе во прашање Шенгенскиот договор, а доколку тој пропадне, најтешки последици ќе почувствуваат земјите од Западен Балкан, предупреди словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, во интервју за денешниот број на „Независне новине“.
- Кога немаме веродостојна стратегија на европско ниво, земјите носат одлуки сами за себе. И тоа само покажува колку е важно Европската унија да излезе со реална и спроводлива стратегија за тоа како да се реши прашањето со мигрантите. Бидејќи, ако продолжиме да носиме одлуки секој за себе, тогаш можеме да дојдеме во ситуација Шенгенот да исчезне. Се плашам дека најголемата цена од тоа би ја платиле граѓаните на Западен Балкан, вели Лајчак, дипломатот кој одлично ги познава приликите во регионот.
Тој вели дека досега се предлагале многу нереални решенија, кои било невозможно да се спроведат, што само ги отежнало состојбите. Сепак, Лајчак додава дека и покрај потешкотиите верува дека на крајот ќе се најде некаков одговор, кој би бил прифатлив за сите земји-членки на ЕУ.
Според Лајчак, клучот во заштитата на надворешните граници на шенгенскиот простор е таму да се регистрираат бегалците. Тој вели дека сега најголем проблем претставува тоа што бегалците минуваат низ Грција без посебен надзор и ограничувања, а до јуни, кога е рокот за воспоставување на заедничката служба за надзор на границите, има уште многу време и тешко е да се предвиди што ќе се случи дотогаш.
На директно прашање на новинарот на „Независне новине“ дали кризата води кон распраѓање на Унијата, Лајчак одговори дека не верува дека тоа ќе се случи.
- ЕУ ќе биде тука, бидејќи таа и е потребна на земјите-членки, па на таа тема не треба да се троши време, вели шефот на словачката дипломатија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
