Лаја: Шпанија ќе поддржи отворање на преговорите со ЕУ во март, наскоро ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Шпанија ќе поддржи старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ на состанокот на Европскиот совет во март, истакна шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја на прес-конференцијата во Мадрид со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Лаја нагласи дека Шпанија работи со Франција за обезбедување консензус за ова прашање, додавајќи оти за тоа станало збор и на вчерашната средба на шпанскиот државен секретар за ЕУ, Хуан Гонзалес Барба со неговата француска колешка Амели де Моншалан.
Димитров изјави дека со новата методологија предложена од Европската комисија, која предвидува награда за оние што си ја завршиле домашната задача и казна за оние кои назадувале, ќе биде многу тешко, па дури и засрамувачки, да и се каже повторно не на Македонија.
Тој потсети дека земјава направи значителен напредок, го реши долгогодишниот спор со Грција за името, ги спроведе задачите што и беа поставени и е целосно подготвена за старт на преговарачкиот процес со ЕУ.
Во врска со ратификацијата на Протоколот за НАТО во шпанскиот Парламент, Лаја рече дека очекува тоа да се случи многу брзо и Македонија да стане 30-та полноправна членка на Алијансата.
Шпанија е последна земја членка на НАТО која се уште не го ратификувала Протоколот за прием на Македонија во Алијансата.
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан