Ладна ги објави победниците на 10. детски ликовен конкурс

Заврши јубилејниот 10. детски ликовен конкурс на Ладна, кој секоја година ги поттикнува младите уметници да го истакнат својот талент и да ја разбудат креативноста. Натпреварувањето и оваа година беше поделено во две категории, и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години.

На конкурсот оваа година учествуваа рекорден број на мали уметници, кои ги испратија своите дела и ја покажаа својата извонредна уметничка способност. Главната награда во двете категории беше патување во Дизниленд, Париз за малите уметници и за нивните семејства.
Победници во категорија 4 до 7 години:
- Сијана Галазка Василев, 4 години – Награда: Патување во Дизниленд, Париз
- Софиа Доневска, 5 години – Награда: Годишен курс за цртање
- Бисера Стојковска, 4 години – Награда: Таблет за цртање
Победници во категорија 7 до 10 години:
- Јосиф Наумовски, 8 години – Награда: Патување во Дизниленд, Париз
- Ива Трпчевска, 9 години – Награда: Годишен курс за цртање
- Ниса Ислами, 8 години – Награда: Таблет за цртање

Жири комисијата, која беше составена од истакнати професионалци во областа на визуелните уметности, ги оценуваше цртежите врз основа на креативноста, оригиналноста и техничката вештина која малите уметници ја покажаа.
„Затвораме уште едно успешно издание на детскиот ликовен конкурс и им честитаме на сите талентирани млади дечиња кои учествуваа во конкурсот, а особено на добитниците на награди. На наша огромна радост бројот на пристигнати цртежи на овогодинешниот ликовен конкурс надмина 4.800 цртежи што е позитивен знак дека нашата порака стигнува онаму каде што треба“, изјавија од Ладна.
Ладна им се заблагодарува и на родителите и на наставниците коишто им помогнаа на дечињата да ги испратат цртежите за конкурсот. Големиот број на пријавени дела е доказ дека децата имаат силна желба да ги истакнат своите таленти, па затоа Ладна им порачува да продолжат да го прават тоа и да се надградуваат себе си, за да покажат дека креативноста не познава граници.
Ново на Сител
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
