Фудбал
17. December 2015 - 19:13

Лацио со пресврт против Удинезе до 1/2 финалето на Копа Италија

 
 
 Лацио е седмиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.
 
Во претпоследниот меч од осминафиналната рунда одигран попладнево на „Олимпико’’ во Рим, тимот на Лацио со 2:1 го победи Удинезе.
 
Иако римската екипа имеше негатива од 0:1 по голот кој за гостите го постигна Панајотис Коне во 67.минута, сепак Лацио за само дванаесет минути направи резултатски пресврт
 
Најнапред Алесандро Матри во 70.миниута го израмни резултатот, а потоа Данило Каталди со голот во 79.минута му донесе победа на домашниот тим од 2:1. 
 
Лацио во четвртфиналето ќе игра против Јувентис, тим од кој загуби во ланското финале.
 
Последниот четвртфинален пар ќе биде познат вечера, откако, Милан и Сампдорија ќе го одиграат последниот осминафинален дуел. Победникот од овој меч во 1/4 финалето закажано за 20 јануари 2016 година, за противник ќе ја има екипата на Капри.
 
Преостанатите два пара ги сочинуваат, Интер - Наполи и Специја – Алесандрија.