Купувал телефони и телевизори, проневера на директорот на Здравствениот дом во Крива Паланка, тешка 800 илјади денари
Надворешната канцеларија за криминалистички истраги Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.М.(60) од Крива Паланка за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2013 и 2015 година пријавениот, како директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, при склучени договори за комуникациски услуги помеѓу ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка и мобилен оператор, подигнал мобилни телефонски апарати и ТВ приемници, при што истите не ги евидентирал во книговодствената евиденција на ЈЗУ, ниту ги доделил на вработените во ЈЗУ.
Исто така, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, пријавениот, за телефонски број регистриран на претплатник на ЈЗУ „Здравствен дом“ Крива Паланка, извршил уплата од 168.007 денари. Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил ЈЗУ „Здравствен Дом“ Крива Паланка, Буџетот на РМ и Фондот за здравствено осигурување на РМ во вкупен износ од 809.607 денари.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР