Кошарка
19. February 2016 - 9:06

КУП: Борба за пласман во полуфиналето

Во салата „26 април’’ во Гевгелија од денеска до недела ќе се одржуваат натпреварите на завршниоит турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.
 
Дваесет и петото издание на Купот на Македонија ќе го отворат екипите на МЗТ Скопје Аеродром – Бест со дуелот од 13 часот. По нив од 15:30 часот ќе следува натпреварот Карпош Соколи – Струмица. Во попладневниот термин од 18 часот ќе играат Куманово – Работнички, а во вечерниот од 20:30 часот во последниот четвртфинален меч ќе играат Фени Индустри – Кожув.
 
Во сабота на програмата покрај полуфиналните средби во машка конкуренција, ќе се играат и полуфиналните натпревари кај жените.  За место во финалето во женска конкуренција ќе се борат, Бадел 1862 – Студент и Клубски – Лотос.
 
Завршниот односно финален натпревар ќе се игра во недела и тоа женското финале со почеток од 15:30 часот, а машкото ќе започне од 19:30 часот. 
 
Трофејот во машка конкуренција ќе го брани екипата на Работнички, додека кај дамите Бадел 1862 ќе атакува на третиот во низа.
Работнички има освоено вкупно 9 трофеи во ова натпреварување, додека кај жените најуспешна е екипата на Бадел со вкупно 12 (9 под името Вигор, 2 Бадел и 1 Симекс).