Куќа на муслиманско семејство нападната со „молотови коктели“ во Северна Ирска

Куќата на една жена, во областа Антрим, во Северна Ирска, беше ноќеска нападната со „молотови коктели“, оштетена и опожарена, затоа што нејзиниот сопруг е муслиман.
Во куќата живеат четири членови на едно семејство и тие останале неповредени во нападот, што локалната полиција го оквалификува како „криминал потикнат од верска омраза“.
Инцидентот се случил во 01,00 часот по полноќ, по локално време, во кварт што се означува како „мултикултурен“.
Полицијата отвори истрага за нападот и трага по напаѓачите.
Сведоци кои живеат во соседството на нападнатото семејство, изјавиле дека забележале како две лица, облечени во дуксери од кои не им се гледа лицето, забрзано заминуваат од квартот, по фрлените „молотови коктели“.
Сопственичката на куќата, Маргарет Ибрахим изјави денеска дека е уверена оти нападот врз нив е извршен само затоа што нејзиниот сопруг Амин Ибрахим е муслиман.
- Станува збор за одвратен напад и јас верувам дека големото мнозинство од соседите и од пошироката јавнст, мислат како мене, рекол шефот на полоцијата во Антрим Рајан Хендерсон.
Инцидентот во Северна Ирска доаѓа непосредно по терористичките напади на исламистичките милитанти во Париз, во петокот доцна вечерта.
Ново на Сител
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
-

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
-

Николоски: Нема проблем со керозин, имаме резерви за 90 дена, отворени се пет нови дестинации и покрај кризата
