КУД „Стив Наумов“-Битола одбележа 71 години постоење

Хоровите и оркестарот на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“-Битола го одбележаа 6. ноември, денот кога пред 71 година, во 1944 година беше формирано најстарото КУД во овој град.
Почетоците на друштвото се врзани со концертот што го организирал првиот диригент и композитор на друштвото, Тодор Скаловски со група пејачи, тогашни партизани кои членувале во битолската бригада, посочи Љубомир Трифуновски, актуелен диригент и претседател на КУД „Стив Наумов“-Битола.
- Тодор Скаловски, заедно со група пејачи на денешен ден, на 6 ноември 1944 година, кај месноста Црн Мост во Битола одржаа концерт во знак на сеќавање на паднатите борци кои го загубија животот во затворот кај Црн Мост, а потоа заеднички одлучија, друштвото да биде именувано според името на народниот, легендарниот херој Стив Наумов. Друштвото брзо се развивало и пополнувало со хористи и до ден денес ја одржува традицијата на организирано културно уметничко друштво, истакна Трифуновски, кој како долгогодишен прв човек на друштвото напишал 58 композиции за хорови, односно хорска музика.
КУД „Стив Наумов“-Битола,освен ансамблите, некогаш имало и филхармонија која работела во 1950 година, а во моментов функционираат три ансамбли.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
-

Октомври бил постуден и со повеќе врнежи од вообичаеното
-

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти
-

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
