КСС: Да се реши кризата и да се зачува унитарноста на државата

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) изразува загриженост за политичката криза и бара побрзо решение за излез од сегашната состојба и стабилизирање на државата по сите основи со максимален ангажман од сите одговорни фактори во рамки на уставните и законските надлежности.
Притоа, истакнува КСС, строго да се води сметка за зачувување на унитарноста на државата, што е темелен принцип вграден во Уставот на Република Македонија, како и рамноправноста на сите граѓани на нашата земја, според принципот на мултиетничност, со што се гарантирани правата на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, што значи на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците и Власите.
- КСС цврсто стои на определбата и одбраната на уставните принципи и гаранции со кои е утврдено дека нашата земја е заедничка држава за сите што живеат во неа, а според тоа и сите имаме и обврска заеднички да ја градиме и да ја чуваме. Согласно статутарните определби, кои произлегуваат од начелата на Уставот и законите на нашата држава, како и на меѓународните конвенции, КСС ги повикува членовите од синдикатите кои се членки на Конфедерацијата, како и членовите на другите синдикати кои се организирани во други сојузи или се самостојни, активно да се вклучат во одбраната на стабилноста и унитарноста на нашата заедничка држава, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
-

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу
-

Министерот Борко Ристовски со порака за ракометарите – Играјте со срце за Македонија!
-

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
-

Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд
-

Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори
