-->
-->
Крводарителска акција во Куманово
-->
Вонредна крводарителска акција се одржа денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на кумановскиот Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија.
Во рамки на акцијата крв даруваа 55 граѓани.
- Акцијата ја оценуваме како успешна. Граѓаните се одѕваа на повикот кој беше упатен преку медиуите претходната недела, изјави Бојан Петрушевски.
На акцијата учествуваа и повеќекратни крводарители, но и помлади кои истакнаа дека ќе продолжат со дарување крв.
Од почетокот на годинава, досега, во Куманово се одржаа 21 крводарителска акции на кои крв даруваа 1.413 граѓани. Наредната крводарителска акција ќе се одржи на 27 јули, а во август е најавена уште една крводарителска акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста