-->
-->
Кривопаланечки планинари до тромеѓето помеѓу Македонија, Србија и Бугарија
-->

Дваесетина кривопаланечки планинари учествуваа на денешната планинарска акција до тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија. На тромеѓето се сретнаа со планинарите од останатите две соседни земји.
- Акцијата започна од месноста Крстов Дол, а минавме преку времениот граничен премин Голеш, кај селото Голема Црцорија. Вкупната должина на стазата во една насока изнесува околу седум километри и беше лесна за пешачење, изјави Денис Ангеловски, претседател на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“.
Ангеловски информира дека временските услови биле одлични, сувото време им послужи за лесно искачување, а додаде и дека од страна на организаторите бил обезбеден и бесплатен ручек за сите учесници.
- Нашите планинари се од разни возрасни категории, а особено сме активни есенва. Од почетокот на октомври учествувавме на четири планинарски акции во регионот и земјава, рече Ангеловски.
Следната акција која ја организира ЗПЗП „Калин Камен“ ќе се одржи на 24 октомври, a по повод 23 Oктомври, Ден на Македонската револуционерна борба.
- Акцијата е насловена „По патот на Комитите”, истата е кружна патека околу Комитски рид. Старт на акцијата е од т.н. Ловечка куќа, забавно рекреативен парк Калин Камен, преку езерце Калин Камен до врвот Калин Камен. Предвидено е да се движиме во насока на Ал’тн чешма, преку м.в. Слана бара-Бабина чешма-Столев врв-Борилова чука –Костадиница. Патеката е средно тешка и се совладува висинска разлика од 600 метри надморска височина, изјави Ангеловски.
Должината на патеката „По патот на Комитите” изнесува околу 20 километри или околу 8 часа одење со попатни паузи, а за акцијата е обезбеден и планианрски водич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
