-->
-->
Кривичниот суд го отфрли предлогот за притвор на Г.Г.
-->
Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 - Скопје постапувајќи по предлози за определување мерка притвор против лицето Г.Г. и мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. поднесени од Специјалното јавно обвинителство, откако беше побарано дополнување на предлогот што беше доставено и јавно објавено од страна на СЈО, донесе решенија со кои ги отфрли предлозите на обвинителството, се вели во денешното соопштение од Кривичниот суд.
Странките во постапката, како што се додава во соопштението, имаат право на жалба на решенијата на судијата на претходна постапка до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на одлуката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
