Кривични пријави за тројца дилери на марихуана
Вчера, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од село Турново, струмичко. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства и пари. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Ј.(26) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. Во септември минатата година во Велес полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(45) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 12 септември минатата година година на автопатот Тетово-Скопје полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од Г.Ц.(46), а како сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Ново на Сител
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството