Кривична за тетовец не го почитувал решението за домашна изолација
Полицијата во Тетово открила жител на градот кој не го почитувал решението за изолација во изминатото деноноќие. Тоа било утврдено во рамки на контролите на луѓето за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација.
-СВР Тетово во текот на изминатите 24 часа изврши контроли кај 785 лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација. При тоа било констатирано дека едно лице од Тетово не го почитувало решението и изготвена му е кривична пријава по член 205 од Кривичниот законик, соопшти портпаролот Марјан Јосифоски.
Ова е втор ваков случај месецов. На 1 октомври едно лице од Долно Палчиште, тетовско не го почитувало решението за самоизолација дома.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (27.10./28.10.) нови решенија за изолација добиле 51 лице додека за неносење заштитни маски 77 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
