Кривична за штипјанец осомничен за препродажба на археолошки предмети

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за сериозен криминал и тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Г.А.(27) од Штип осомничен за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „прикривање“.
Пријавениот Г.А. во периодот од јули до септември 2018 година како член на злосторничко здружение кое го формирале Р.П., А.Б. и Ж.Р., соопшти днееска МВР, континуирано разменувал информации за археолошки предмети пронајдени претходно или во тек на наведениот период.
– Во периодот од 30.07 до 05.10.2018 година пријавениот Г.А. остварил контакти со Р.П. заради продажба на археолошки предмети кои претходно ги имал пронајдено, заради натамошна препродажба. На 24.10.2018 година, со потврда за одземени предмети, од пријавениот Г.А. биле одземени една бакарна фигура и една бакарна монета, кои се археолошки предмети и претставуваат добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, се појаснува во соопштението.
Претходно, на 05.10.2018 година, се посочува во соопштението, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе и кривични пријави против Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р.(65) и уште 11 други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
