-->
-->
Кривична за крадец на накит од минувачи на Камениот мост
-->
Кривична пријава заработи крадец на златен накит кој на минувачи на Камениот мост на сила им го одземал.
Разбојникот е приведен, а вредноста на накитот се проценува на над 800 евра.
Како што соопшти МВР, А.С.(22) од Скопје извршил четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 52.000 денари.
Пријавениот ги извршил делата на идентичен начин во периодот од 18 ноември 2019 до 3 декември 2019. Тој, со употреба на сила, од оштетените одземал златен накит кој го носеле на нив.
Првото дело го извршил на 18 ноември 2019 на ул.„11-ти Октомври“, а останатите три во близина на Камениот мост во Скопје на 28 ноември 2019, на 1 и 3 декември 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје