Кривична за двајца скопјани за сторено дело „измама“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ.(32) од Чучер – Сандево, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“.
Првопријавениот, во текот на февруари 2020, со лажно претставување го довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на агенција за обезбедување и сопственик на такси компанијата така што преку телефонски повик се договорил со Д.А., да му обезбеди наводно физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари. При тоа првопријавениот, побарал од Д.А. дополнително преку возачот на неговата такси компанија да му позајми и испрати уште 19.000 денари, за да ги плати трошоците за видео бимот, за што Д.А. се согласил и преку такси возач М.Ќ. на 12.02.2020 во Скопје, му ја дал бараната сума на пари на второпријавениот.
Откако второпријавениот, ги зел парите и заминал, на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот дека патувањето до Струга било одложено. Имено, првопријавениот на 12.02.2020 со лажно претставување ги довел во заблуда и лице сопственик на угостителски објект во с.Врапчиште,гостиварско, како и Д.М., декоратор на забави. Првопријавениот, лажно договорил прослава во наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил истата да му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата, со што пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ од 166.415 денари.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон