Македонија
26. May 2023 - 16:08

Кривична за двајца скопјани кои од лажен профил уценувале жител на Селце

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х. (52) од с. Рашче, скопско и Б.С. (39) од с. Доброште, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

- На 05.04.2022 пријавените, преку социјална мрежа, од лажно креиран профил, на лице од с. Селце, му испратиле порака со уценувачка содржина дека ќе објават фотографии со експлицитна содржина, информира МВР.