Македонија
27. January 2023 - 14:15

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба „Национални шуми“ оштетени со 769.300 денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против двајца кичевци Б.М.(70) и З.К.(64), и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против кичевецот А.Т.(36) за сторено кривично дело „кражба“.

-Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник“, ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и бесправно изготвиле службена документација за сеча на 167 метри просторни огревно дрво и ја издале на физичко лице од Прилеп. Со тоа предизвикале штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“ од 769.300 денари, информираат од МВР.