Кривична пријава за три лица од Василево и Баница поради оштетување туѓи предмети
- Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против лицата: А.В (49) и Д.Г (34), двајцата од с.Василево, струмичко, како и против В.Ѓ( 25) од село Баница, Струмичко, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „оштетување на туѓи предмети“ предвидено во член 243 став 2 од Кривичниот законик на РМ.
МВР соопшти дека истовремено првопријавениот А.В. се сомничи и за сторено кривично дело „поттикнување“ предвидено во член 23 став 1 од Кривичниот законик на РМ. Имено, на 21-ви овој месец околу 18 часот, во СВР Струмица, по телефон беше пријавено дека во казино „Сенатор“ во Струмица од страна на А.В., извршено е оштетување на поголем број апарати (слот машини) како и на две рулет машини.
Веднаш по ова од страна на СВР-Струмица, а по овластување на надлежен Јавниот обвинител, формирана е увидна екипа и извршен е увид на лице место, по што било констатирано дека пријавениот истиот ден бил во казиното „Сенатор“ во временскиот период од 10.30 до 17.30 часот а околу 17.30 часот го напуштил казиното но, по петнаесетина минути се вратил во казиното „Сенатор“, со алат (копач) во рацете и за период од неколку минути, со удари со копачот, оштетил вкупно 44 апарати слот машини, и два рулета, напуштајќи го лице местото и правејќи вкупна материјална штета од 2.590.368денари.
Набргу А.В. е пронајден, лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Во меѓувреме, документиран е континуитетот на извршувањето на кривичното дело од страна на А.В. којшто на 21.03. од страна на вработени во казино „Адмирал“ во Струмица, бил пријавен за сторено кривично дело „оштетување на туѓи предмети“.
Покрај ова, на 27-ми овој месец А.В. околу 7 часот, во казино во Струмица, се сретнал со Д.Г. и В.Ѓ притоа поттикнувајќи ги да извршат кривично дело „оштетување на туѓу предмети“. Имено, второпријавениот, Д.Г. поттикнат од А.В. заминал во станот во кој живеел и зел метална тесла со дрвена рачка и заедно со трето пријавениот В.Ѓ. околу 09.35 часот, влегле во казино „Слот“ во Струмица, по што заедно, Д.Г. со метална тесла а Д.Ѓ со камен извршиле оштетување на вкупно 20 апарати (машини), со што направиле материјална штета од 1.268.185 денари.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква
-
Во Филаделфија возач на автомобил влета во толпа навивачи и повреди тројца пешаци
-
Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
-
Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
-
Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц
-
Украина, Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, главни теми на Советот за надворешни работи на Унијата
-
Температурата утрово над нулата освен во Берово, Битола и Прилеп