Кривична пријава за скопјанец за „уцена“
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.
Пријавениот Ш.Ф., на 24.01.2020 преку порака и се заканил на С.А.(27) дека на социјалната мрежа Фејсбук ќе објави компромитирачки материјал доколку не му даде 500 евра да го плати адвокатот во врска со кривичната пријава што ја поднела таа против него за телесни повреди кои ѝ ги нанел.
После тоа, таа го пријавила настанот во Полициска станица, по што бил известен и јавен обвинител, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.
Притоа, на 26.01.2020 околу 19.00 часот во угостителски објект на ул.„Христо Татарчев“, по претходен договор, пријавениот се сретнал со оштетената која му дала 200 евра. На истата локација во 19.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ф., а по извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени 200 евра, кои му ги дала оштетената и мобилен телефон. Исто така, на 27.01.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојува пријавениот, при што биле пронајдени и одземени и други предмети во интерес на истрагата.
Ново на Сител
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии
-
Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам
-
32-годишник пријавил дека му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи, приведени двајца неготинци
-
Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје