Кривична пријава за лице од Куманово, продавал фалсификуван накит
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, казниво по член 285 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како физичко лице, во текот на 2019 година набавил 40 парчиња фалсификуван накит од трговската марка „PANDORA“, која е заштитена трговска марка. Вака, нелегално набавените парчиња накит, чии ознаки не се оригинални, имал намера да ги продава на разни купувачи со цел да се стекне со противправна имотна корист во износ од најмалку 59.000 денари.
На 28.06.2019 од страна на правното лице кое е застапник на брендот „PANDORA“ на територијата на Р.С.Македонија, е доставено барање за преземање на дејствија со кое бара проверка на сомненијата и документирање на кривичното дело. После тоа, полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во просториите на правното лице на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 40 парчиња разновиден накит со ознаки „PANDORA“.
Одземениот накит бил фотографиран и фотографиите биле доставени до правното лице кое е застапник на авторски права на производите од трговската марка „PANDORA“ на територијата на РСМ, по што тие известиле дека предметите се фалсификувани.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош