Кривична пријава против пет лица поради предизвикување пожари
Полицијата поднесе кривична пријава против С.И.(48) и Ј.И.(49), двајцата од Македонски Брод кои се осомничени дека сториле кривични дела „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 4 и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ казниво по член 227 став 4 од Кривичен Законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека на 4 август околу 12 часот во с. Могилец, Македонски Брод, во дворното место од куќа сопственост на пријавените избувнал пожар што подоцна се проширил, при што биле опожарени две напуштени куќи, сандаци со пчели, но бил предизвикан и шумски пожар и била опожарена значителна површина со борова шума.
Од преземените мерки постојат сомненија дека пријавените фрлиле отпушок од цигари во сено и предизвикале пожар што подоцна се проширил.
Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и посебен извештај против Д.К.(36) од село Косово поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ казниво по член 227 од Кривичен Законик на Република Македонија, а во врска со пожарот настанат на 25.07.2017 година, што прво почнал во ловечки објект, а подоцна се проширил на местата „Бигор“ и „Круша“ над село Требовле.
Исто така, Полициска станица од општа надлежност Македонски Брод поднесе и записници за констатирани прекршоци по член 54 од Закон за шумите до надлежен инспектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство против две лица Р.В.(61) од Скопје со престој во село Долно Зркле и против М.С.(82) од село Заград. Сторителите предизвикале отворен пожар во селата Заград и Зркле.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен