Кривична пријава против началник во МВР за „несовесно работење во службата“

Кривична пријава е поднесена против началник на одделение во Одделот за дисциплински и судски постапки за „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.Ј., началник на одделение во Оддел за дисциплински и судски постапки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.
Пријавената, како овластено службено лице, несовесно постапила во вршење на своите овластувања на тој начин што не постапила по правосилна пресуда со која на работник требало да му престане работниот однос во Министерството за внатрешни работи, односно пресудата не ја доставила до надлежните служби во Министерството за да биде донесено решение со кое на работникот ќе му биде откажан договорот за работа.
- Пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која се потврдува пресудата на Основен граѓански суд Скопје, со која е одбиено тужбеното барање на вработената, во Министерството за внатрешни работи е примена на 08.03.2022, а на постапување до стручните служби на министерството е доставена на 27.02.2024, се појаснува во соопштението.
Од МВР соопштуваат дека поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Ј. поднел предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изречена е задолжителна мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава
-

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток
-

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран
-

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“
-

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
-

Нападите на Иран врз соседните земји се „огромна стратешка грешка“ - смета генералниот секретар на Арапска лига.
-

Три лица приведени, а две повикани на службен разговор - ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
-

Ова е момент кога мора да направиме разлика со опозицијата, работиме на 17 инвестиции и нови 5.000 работни места, вели Мицкоски
