-->
-->
Крива Паланка го усвои буџетот за 2016
-->
Советот на општина Крива Паланка го усвои буџетот за 2016 година кој изнесува околу 355 милиони денари, а од следната година општинската каса ќе има дополнителни приливи од концесиите на вода.
Во буџетот за 2016 година се планирани даночни приходи од околу 46 милиони денари, капитални приходи од 34,5 милиони денари, од дотации во општинската каса ќе се прелеат 153 милиони, 104 милиони денари од трансфери, додека од донации се планираат приходи од 7,7 милиони денари.
- Со средства во висина од 50 милиони денари е планирана изградбата на три капитални проекти, три патни правци во општината за кои веќе се потпишани преддоговори, т.н. Руски пат до манастирот св.Јоаким Осоговски, пат во село Жидилово и доасфалтирање на патот до езерцето Калин Камен-информира Татјана Ѓеоргиевска, раководител на Одделението за финансии при општина Крива Паланка.
Главно финансиите од буџетот ќе бидат наменети за финансирање на 21 програма во општината, а околу 37 отсто од буџетските средства се планирани за плати на администрацијата.
- Новина следната година се дополнителните финснсиски приходи во буџетот од концесијата на вода од двете минихидроцентрали на Дурачка Река кои отпочнаа со работа на 8 октомври годинава, изјави Ѓеоргиевска.
Со буџетот за 2016 ќе се финансираат програмите за јавно осветлување, одржување, изградба на локална патна инфрастуктура, сообраќајна сигнализација, системи за водоснабдување и канализациски системи, јавна чистота, заштита на животна средина, музејска и кинотечна дејност, како и останати капитални трошоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите