Кристина го зграпчила бебето и се фрлила од трети кат за да го спаси од пожар

Кристина Сајмос и нејзиниот 18-месечен син Камерон се нашле заробени во домот кога станбениот блок каде што живееле од зафатил силен пожар. Пожарот го зафатил и влезот во зградата, па немало можност да излезат.
Кристина го зграбила синот во прегратка и скокнала од прозорец од висина од 10 метри. Падот на детето го ублажила со своето тело.
– Знаев дека ќе умреме ако не излеземе од станот, вели таа за АБЦ њуз. Скокот резултирал со повеќе скршеници и со сериозно оштетување на карлицата. Многу малку фалело да го загуби животот.
– Мојот живот не е ништо во споредба со неговиот. Син ми е секогаш на прво место, ја образложува одлуката да скокне.
Кога паднале на земја, таа била неподвижна. Ја нагмечила карлицата, па парализирана успеала да го насочи детето да се оддалечи од зградата од која паѓала граѓа во пламен, а потоа некако успеала и таа да се оддалечи од пламенот.
Веќе имала неколку операции, но за жал се уште е неподвижна иако почнала да ги мрда прстите.
Ново на Сител
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
-

Приведен Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царина
-

Маж од Скопје изгубил 309.800 денари, измамен од лице кое требало да му посредува за кредит
