-->
-->
Кремљ потврди: Путин во јануари во Белград
-->
Се очекува рускиот претседател Владимир Путин во јануари следната година да го посети Белград, потврди денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.„Подготовките за посетата на претседателот на Србија се во тек. Посетата е планирана за јануари“, кажа Песков, а пренесе ТАСС.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави претходно дека очекува Путин да го посети Белград на 17 јануари.
Двајцата претседатели за првпат се сретнаа во Москва на 2 октомври оваа година.
Потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов претходно најави дека за време на посетата на Путин на Белград би можел да биде потпишан договор за форморање нуклеарен центар во Србија.
Српските медиуми јавија претходно дека за време на посетата треба да бидат потпишани дваесетина договори и дека ќе се договори и реализација на заеднички проекти од областа на енергетиката и инфраструктурата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
