„Креди Свис“ укинува 6.500 работни места во 2017 година
Втората по големина швајцарска банка, „Креди Свис“ соопшти дека во текот на оваа година ќе отпушти околу 6.500 вработени, откако лани оствари загуба од 2,44 милијарди франци (2,43 милиони долари).
Извршниот директор на банката, Тидјан Тиам, кој го презеде раководењето со оваа финансиска групација пред нешто повеќе од 18 месеци, соопшти дека во следниот период „Креди Свис“ ќе се ориентира кон управување со имоти, отстапувајќи од инвестициското банкарство.
„Креди Свис“ во текот на 2016 година веќе укина 7.250 работни места, како дел од мерките за намалување на трошоците.
- Сега си поставивме цел за 2017 година да укинеме меѓу 5.500 и 6.500 работни места, изјави финансискиот директор на „Креди Свис“, Давид Метерс.
Во најавата на „Креди Свис“ не се посочува од кои сектори ќе бидат отпуштени вработените, но се додава дека со отпуштањето ќе бидат опфатени службеници, консултанти и помошен персонал.
„Креди Свис“ претходно најави дека би можела да продаде 20 до 30 проценти од своите филијали во Швајцарија, но и дека е отворена за алтернативни опции за сопственото зајакнување.
Ново на Сител
-
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
-
ЦУК: За гасење на пожарот во „Дрисла“ не може да дејствува ер-трактор поради опасност од дополнително разгорување
-
Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив
-
Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
-
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата