Бизнис
26. July 2016 - 19:07

Краунфилд Фаундри ќе отвори 300 работни места - Камен темелник за фабрика во Пробиштип

Се работи за инвестиција од 15 милиони евра, која ќе креира 280 директни работни места, како и поголем број на индиректни вработувања во регионот, во кој изминатите десет години невработеноста е преполовена.

Во леарницата по европкси еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија ќе се леат делови за автомобилската индустрија, а во градот веќе се поставени мерни станици за квалитетот на воздухот кој ќе бидат достапни онлајн.

Заедно со рестартирањето на рудници Злетово и Торанциа, засилените активности на постоечките компании, како и најавите за нови инвестиции, премиерот Димитриев очекува градот одново да биде еден од индустриски најактивните во земјава.

Како што порачаа властите, леарницата е клучна инвестиција за заокружување на потребните фабрики за привлекување на компании производители на автомобили. Таа ќе придонесе за натамошен раст на извозот кој првите пет месеци од годината е зголемен за7,6% и на индустријата која за истиот период пораснала за 7,6%.

Во новата индустриска зона Неокази, каде што се гради оваа фабрика, владата ќе вложи два милиони евра за инфраструткура и пречистителна станица со што ќе се создадат услови и за други инвестиции.