Македонија
29. April 2016 - 18:09

Kратово ќе добие современ модерен пазар и паркинг простор

Еден голем проблем на жителите на Кратово наскоро ќе биде решен. До крајот на годината кратовци ќе добијат модерен градски пазар, кој ќе ги задоволи сите нивни потреби за удобно пазарување. Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, информираше дека ќе се уредува и улицата која води до зелениот пазар.
-Пазарот ќе биде завршен до крајот на годината и е инвестиција од 31 милион денари, пари обезбедени од Светска банка преку Министерството за финансии. На тендер цената падна некаде околу 26-27 милиони, па останатиот дел од парите ќе биде искористен за уредување на улицата „Свети Ѓорѓи кратовски“. Со тоа комплетно ќе завршиме со уредување на влезот на Кратово – истакна Андоновски.
Покрај покриениот градски пазар и тотоари, Андоновски најави во најскоро време изградба на модерен паркинг простор, со што целосно ќе биде уреден влезот во центарот на градот.