-->
-->
Крај за славниот „квотербек“
-->

Пејтон Менинг, кој пред еден месец го предводеше Денвер до титулата во НФЛ лигата и стана првиот „quarterback“ кој Супер Боулот го освоил со две различни екипи, објави крај на кариерата. Менинг (39) одлуката им ја соопштил на клупските челници.
„Кога ќе погледнете што се Менинг направил за овој спорт, можеме да бидеме среќни што беше дел од нашиот клуб. Зад него е сјајна кариера преполна со успеси“, рекол генералниот менаџер Џон Елвај.
Менин го кариерата освоил две титули во НФЛ лигата, во 2007 со Индијана и во 2016 со Денвер.
Пејтон Менинг, во 1998 година, влезе во НФЛ лигата, како прв пик на драфтот избран од страна на Индијана. Со овој тим за 13 сезони освоил осум титули во дивизијата, две АФЦ титули и еден Супер Боул.
По тешката повреда во 2002 година се сели во Денвер, со кој во 2014 година загуби во финалето од Сиетл, но две години подоцна иако аутсајдер Денвер го освои Супер Боул победувајќи го тимот на Каролина.
Во текот на импресивната кариера освоил многу награди и поставил неколку рекорди. Рекордни поет пати е избиран за најдобар играч во НФЛ лигата, беше МВП на финалето во 2007 година, а дури 13 пати е именуван во Pro Bowl тимот.
Рекордер е по бројот на додавања за touchdown (539) и по бројот на освоени јарди (71.940). Остварил најмногу додавања за touchdown во една сезона (55) и фрлил најмногу јарди во една сезона (5.477).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
