Македонија
7. December 2023 - 20:24

Крадец се засолнил во училиште, настанала паника

Крадец кој бил бркан од полиција во населбата Ново Лисиче се засолнил во училиштето Лазо Ангеловски и предизвикал огромна паника меѓу учениците и родителите, кои во тој момент ги земале децата од училиште.

Настанот се случил попладнево во 18 часот и 10 минути. Децата биле засолнети во училниците и спортската сала, а потоа наставата била прекината. Директорката на училиштето смирува и вели дека немало опасност, немало пукање ниту некаква друга закана, а мерките биле преземени од претпазливост.