Ковид-19: Над 10.000 починати во Њујорк
Бројот на починати од коронавирусот во Њујорк, најголемото жариште во САД, ја надмина бројката од 10.000, откако здравствените власти додадоа повеќе од 3.700 лица за кои се сомнева дека починале од Ковид-19, но не биле тестирани.
Ова е вознемирувачко зголемување на стапката на смртност во Њујорк, со што се зголеми вкупниот број на починати во САД за дури 17 проценти, пренесува Њујорк Тајмс.
Здравствените власти во Њујорк забележаа уште еден мрачен факт: епидемијата веројатно индиректно довела до зголемување на смртноста кај граѓаните кои можеби никогаш не биле заразени. Во Њујорк, во периодот помеѓу 11 март и 13 април, починале три илјади повеќе отколку во истиот временски период во „нормална“ година.
Иако овие смртни случаи не биле експлицитно поврзани со вирусот, до нив можеби не би дошло доколку не се појавеше епидемијата, делумно затоа што здравствениот систем е потресен и окупиран од случаи на коронавирус.
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес