Ковид-19 е директна причина за смрт кај околу 89 отсто од заболените во Италија
Ковид-19 е директна причина за смртта кај околу 89 проценти од смртните случаи во Италија кои биле позитивни за вирусот, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ) .
Преостанатите смртни случаи се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања (4,6 отсто), тумор (2,4 отсто), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 отсто), деменција (0,6 отсто) и болестите на дигестивниот систем (0,5 проценти).
Во извештајот се наведува дека Ковид-19 може да предизвика смрт дури и кај пациенти кои немаат други здравствени проблеми.
Во 28,2 проценти од случаите, немало други здравствени проблеми, се вели во извештајот на Вишиот институт за здравство и ИСТАТ.
Како што е наведено, 31,3 проценти од смртните случаи заразени со Ковид-19 имале друг здравствен проблем, 26,8 отсто имале два, а 13,7 отсто имале три или повеќе проблеми со здравјето.
Во Италија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 умреа 35.017 лица, со што оваа земја стана петта земја во светот според бројот на смртни случаи по САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер